Топлификација почна да ги исплаќа парите на граѓаните. Колква сума треба да врати не открива, но 25 000 домаќинства претплиле на компанијата. Од нив на 8000 веќе им се вратени парите на транскациска. Остантите ќе ги добијат најдоцна за 15 дена.
Освен што враќа пари, топлификација чека и да си наплати стари долгови. Пари побарале да им се вратат и оние што имаат тужби за заостанати долгови кон компанијата. Топлификација се подготвува за присилна наплата.
Пред преземањето на бизнисот со парно греење од страна на Балкан енерџи груп, Топлификациија испрати сметки до граѓаните кои дел беа со 0 наплата а останатите со претплата. Некои сметки се со износ од 15 денари, но на некои треба да им бидат вратени и 5 000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.