Емисијата за финансии на „Си-Ен-Ен“, „Си-Ен-Ен Мани“ (CNN Money), објави критичка статија за Грција, во која по повод изјавите на министерот за одбрана на замјата, Панос Каменос, дека неговата земја ќе побара заем од Кина, Русија и од САД, се тврди дека, врз основа на процени на економистите, овие три земји нема да ја спасат Грција. Статијата е цитирана од грчкиот весни „Имерисија“.
Во материјалот се визира вчерашната средба на двајцата министри за надворешни работи на Русија и на Грција, Сергеј Лавров и Никос Кодзиас.
– Се вели дека Кодзијас одржувал тесни врски со Грчката комунистичка партија за време на Студената војна. Во неа се потсетува дека Грција и Русија одржуваат тесни трговски врски бидејќи речиси 13% од грчкиот увоз во 2013 година дошол од Русија, според ММФ, а двете страни се договориле во 2016 година да организираат „Година на Грција“ во Русија и „Година на Русија“ во Грција.
Според „Си-Ен-Ен“, економските факти, сепак, се различни.
Економистот Беренберг Роб Вуд тврди дека Русија не е во состојба да обезбеди доволна помош за Грција бидејќи нејзината економија трпи удари од ниските цени на нафтата и од санкциите на Западот.
– Ако Грција ѝ сврти грб на Европа, нејзиниот банкарски сектор, кој се соочува со намалување на изворите на финансирање, ќе потпадне под уште поголем притисок. Русија нема финансиски извори за да ги издржи банките да испливаат – вели тој.
Далечната Кина, пак, има големи инвестиции во грчките пристаништа. Таа располага со девизни резерви од околу четири трилиони долари, со кои би можела лесно да ги исчисти европските кредити на Грција. Но, за Кина нема профит да посредува во решавањето на еден регионален проблем.
– Зошто Кина би сакала да биде во средината на еврозоната по конкурентен начин? – прашува економистот и дополнува дека за Русија е попрофитабилно да го дестабилизира противникот, но за Кина нема никаква економска или политичка корист.
Конечно, за САД грчкиот професор од Лондон, Спирос Икономидис, тврди дека е невозможно Белата куќа да се активира за спасувањето на Грција: „Белата куќа може да покаже некакво влијание врз европски кругови за да гарантира дека Грција нема да стане жртва, но не мислам дека САД ќе пристапат кон пакет за спасување на член на еврозоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција