Концертната изведба на француската мелодична панк-група „Ванк фор пис“ ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во културниот центар „Кула“ во Скопје. Имено, во рамки на својата јужноевропска турнеја, музичката група ќе го промовира своето последно ел-пи издание „Fail Forward“. Со почетната концертна локација во Невер, Франција, Французите ја продолжуват својата музичка приказна во Србија, а за неколку дена ќе имате можност да ги погледнете во скопскиот културен центар „Кула“.
Музичкиот панк-хардкор-бенд ја почнува својата кариера во 2008 година. Тие издаваат неколку и-пи изданија и два албуми од кои “What will remain“е објавен во септември 2011 година и „Fail Forward“ во октомври 2014 година. Во меѓувреме, тие изведуваат околу 300 перформанси во локално и интернационално опкружување. Се опишуваат себеси како чувство, начин и промена на нештата преку процес на напуштање. Како и од секој свој настап од оваа турнеја, тие неуморно очекуваат повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.