| четврток, 6 декември 2018 |

Банда каменуваше такси во Аеродром, претепано момче-патник

Вчеравечер околу 21.30 часот, во близина на бул. „Јане Сандански“ во скопски Аеродром,  група непознати лица каменувале такси-возило во кое се возеле В.Н.(18) од Скопје заедно со уште две лица, при што било скршено ветробранското стакло.

По ова, непознатите лица со уличен контејнер му го попречиле патот на возилото и откако истото било сопрено, ги нападнале патниците, нанесувајќи му телесна повреда на В.Н.

По преземени мерки од страна на СВР Скопје, приведени се три лица – Н.Т.(16), С.Ц.(16) и С.Н.(17) сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и на други лица што учествувале во насилството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top