| четврток, 6 декември 2018 |

Малезија не се откажува од потрагата по исчезнатиот „боинг“

malaysian-airline-boeing-777-missingМалезија објави дека не се откажува од потрагата по „боингот“ на компанијата „Малезија ерлајнс“, кој мистериозно исчезна на 8 март минатата година на летот од Куала Лумпур кон Пекинг.

По шестмесечно истражување на дното на јужниот дел на Индиски Океан, кое не даде никакви резултати, 239-те патници и членови на екипажот и официјално се прогласени за мртви и поголемиот дел на истражувачки тимови минатиот месец ја прекинаа потрагата.

Министерот за транспорт на Малезија, Лиов Тионг Таи, денеска соопшти дека заедно со кинески бродови и опрема ќе продолжи трагањето по авионот. Одлуката е донесена и по инсистирање на Пекинг, најмногу поради тоа што на летот имало најмногу кинески државјани.

Малезија договара и повторно вклучување на австралиски тимови кои располагаат со софистицирани сонари. Овие тимови од мај минатата година истражија преку 6.000 квадратни километри на морското дно, но не најдоа никаква трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top