В година во Дубаи почнува изградбата на новиот, футуристички проект наречен „Градот на Аладин“.
Проектот е инспириран од приказните за Аладин и за Синдбад.
– Планираме да почнеме со градба в година. Имаме сопствените фондови за финансирање на проектот – изјави генералниот директор на проекот Хусаин Насер Лотах.
Овој проект е најавен за април 2014 година, кога беше соопштено дека ќе има три кули, комерцијални и хотелски простори. Ќе се простира на 450 метри од копно, а вкупната цена на градбата уште не е позната.
– Целта на проектот е новите кули да бидат икони на минатото со доза на убавина и туристичка привлечност. Лоциран е надвор од зоната, која би требала да биде регистрирна како заштитено пордајче – објасни Лотах.
Ќе има и климатизирани мостови со подвижни катови кои ги поврзуваат кулите, приодите и паркиралиштата. Освен тоа, обликот на мостот ќе имитира егзотичниот живот на морските суштества, како змии и змаеви.
Кулите ќе се простираат на 110 илјади квадратни метри, а највисоката ќе има 34 ката. Другите ќе имаат по 26 и 25 ката. Паркингот ќе може да прими 900 автомобили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.