| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордна премија на американската лотарија „Пауербол“

loto

Ливчиња за лото уплатени во Северна Каролина, Порторико и во Тексас синоќа ја добија главната премија на американската лотарија „Пауербол“, па тројцата среќни добитнци, кои ги погодиле шесте броеви, ќе поделат неверојатни 564,1 милиони долари.

Добитното ливче од Порторико е прво уплатено надвор од континенталниот дел на САД со сите шест погодени броеви. Порторико се приклучи кон лотаријата „Пауербол“ пред помалку од една година.

Доколку добитниците на премијата се решат за еднократна исплата, ќе добијат по 391.138.450 долари, без платен данок.

Оваа премија е петта по висина добивка на игри на среќа во историјата на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top