| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена слика на Леонардо да Винчи во Швајцарија

41176128854db329dd08c9417447155_orig

Полицијата во трезорот на една швајцарска банка, за време на истрага против затајување данок и мемење во осигурување, запленила портрет што му се припишува на ренесанскиот сликар Леонардо да Винчи.

Во тек се преготови за продажба на портретот што ја прикажува Изавела Десте, за околу 120 милиони евра, пренесуваат агенциите.

Полицијата првпат влезе во трага на сликата во 2013 година, кога кај еден правник од Јужна Италија е пронајдено полномоштво за продажба по цена од најмалку 95 милиони евра.

Првобитната истрага не резултираше со пронаоѓање на сликата сè досега, кога почнала истрагата за затајување данок и измама во осигурувањата. Истрагата не открила во чија сопственост била сликата, ниту, пак, колкумина се под истрага за нелегална трговија соуметнички дела. Не е соопштено дали е некој уапсен.

Ако се докаже дека потретот навистина го насликал Да Винчи, тоа ќе биде уште едно дело во низа кое е вплеткано во противзаконска трговија. Неговото најпознато дело, Мона Лиза беше украдено од музејот „Лувр“ во 1911 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top