| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев асистира и погодува, Наполи победува (видео)

Горан Пандев, асистира и погодува, а Наполи победува во Серија А. Македонскиот репрезентативец одигра одличен меч за второплаираната екипа во италијанското првенство и со аситенција до Кавани и победоносен погодок беше најзаслужен за триумфот од 3-2 против Аталанта. Најпрво во 65. минута одлично го проигра Кавани, кој го даде својот втор гол на мечот, а потоа во 81. минута го одлучи натпреварот со убав гол.

 

Во самиот финиш македонскиот репрезентативец ја напушти играта испратен со оваации од трибините. Со Кавани беа вистински напаѓаки тандем на Наполи кој сега има 56 бода, 9 помалку од лидерот Јувентус.


szólj hozzá: Napoli 3-2 Atalanta MATCH HIGHLIGHTS

Двоен стрелец попладнево, беше и Марио Балотели за Милан, во победата над Палермо од 2-0. Супер Марио стрелаше прецизно во 9. минута од пенал и во 66. Милан остана на третата позиција со 54 бода.

 

Резултати: Наполи – Аталанта 3-2, Милан – Палермо 2-0, Фиорентина – Џенова 3-2, Пескара – Киево -2, Сиена – Каљари 0-0. Вчера: Катанија – Удинезе 3-1, Болоња – Јувентус 0-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top