| четврток, 6 декември 2018 |

Бостон ги скроти „јастребите“ од Атланта во последен момент

Бостон селтикс забележи вредна победа против лидерот во источната конференција, Атланта, во битката за плејоф-позиција во НБА-лигата. Тарнер беше јунакот на „келтите“ со поени на две стотинки до крајот на мечот за победа од 89-88. Хоукс се обиде да возврати, но додавањето на нашиот Перо Антиќ заврши во таблата.

Boston Celtics v Portland Trail Blazers

Хоукс го доживеа единаесеттиот пораз, но остана на врвот на истокот од НБА со биланс 43-11.

Резултати: Бостон – Атланта 89-88, ЛА Клиперс – Хјустон 110-95, Портланд – ЛА Лејкерс 102-86, Далас – Јута 87-82, Детроит – Сан Антонио 87-104, Торонто – Вашингтон 95-93, Кливленд – Мајами 113-93, Њу Орлеанс – Индијана 93-106, Оклахома – Мемфис 105-89, Минесота – Голден стејт 91-94, Милвоки – Сакраменто 111-103, Орландо – Њујорк 89-83.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top