Лидерот на СДСМ Зоран Заев во емисија на телевизијата 24Вести ја потврди автентичноста на објавеното писмо пишувано на рака до поранешнот контраразузнувач Верушевски. Писмото е дел од истрагата во случајот „Пуч“ во кој Верушевски е прво, а Заев четвртоосомничен.
-Тоа е за работна виза, за да замине во странство, за да може да оди повеќе од три месеци, оти нема примено плата со месеци. Жално е, вината му е што ја сакал својата земја како за четвртина Македонија заедно. Значи, станува збор за луѓе кои сакаат да помогнат да замине во странство и да работи. Целта содржина на писмото е таа. Да издадат работна виза за Верушевски со семејството да замине за да ја зачува слободата – посочува Заев во емисијата.
Според Заев, Верушевски не му ги дал материјалите, туку Зоран Заев му ги доверил за да му даде насоки.
– Обезбедив луѓе кои ќе му помогнат благодарение на сестринските партии. Целата содржина на писмото е таа. Претседателот на сестринска партија е и премиер на таа држава, ми посочи луѓе кои ќе ми помогнат да извадат виза за Верушевски и неговото семејство. Тој се плашеше за својот живот поради тоа што соработуваше и даваше насоки откако јас му ги доверив материјалите кои дојдоа до мене- додава Заев.
Се отвора прашањето што тоа во странство би работел Верушевски? Што премиерот на „таа држава“ или нејзината разузнувачка служба ќе добие за возврат?
Лидерот на опозицијата повторно е контрадикторен. Во екот на акцијата „Пуч“ посочуваше дека не се познава со поранешниот прв разузнувач. Претходно, што е потврдено и од видео снимката од средбата со премиерот, тој тврдеше дека има „материјали од странска разузнувачка служба“, за потоа да ја смени изјавата за јавноста дека материјалите му се од вработени во домашните агенции.
Дали Зоран Заев со ова уште еднаш ја призна соработката со странските служби?!
Во продолжение писмото кое Заев го испратил до Верушевски го пренесуваме интегрално:
Здраво професоре
Се надевам дека сте добри сите дома и дека во семеен спокој ги поминувате празниците.
Работата која ја чекаме од пријателите од надвор … е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот … (овде е напишана првата буква од името на премиерот. Изворот не открива за кого станува збор не вели дека е премиер на странска држава) кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие.
Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата.
Јас можам утре, во четврток, во петок и дури и вечерва иако е Св.Јован… ова е најважно од се друго. Можам кај Вас, вие кај мене во СР или на некое друго место.
Ве молам да ме информирате колку што е можно побрзо затоа што имаме и други детали да договориме… колата, термините за Централен одбор кај нас, што со Андреј Жерновски и слично.
Мислам дека има доста детали кои треба да ги допрецизираме и за тоа сигурнo ќе ни требаат многу денови
Поздрав голем до сите дома и да знаете дека многу ве мислиме и многу ни недостасувате
Го очекувам Вашиот одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


