
Во Палатата на независноста во Минск почна средбата за изнаоѓање на решенија за кризата во Украина.
Лидерите на земјите од така наречениот нормандиски формат – претседателите на Франција, на Русија и на Украина – Франсоа Оланд, Владимир Путин и Петро Порошенко, како и германската канцеларка Ангела Меркел ги почнаа преговорите, а подоцна е предвидено да им се приклучат и нивните советници.
Меркел и Оланд утрово имаа повеќе телефонски разговори, анализирајќи ја ситуацијата и планираат да вложат максимални напори за постигнување на успех во преговорите,
Порошенко и Путин беа пречекани од белорускиот претседател Александар Лукашенко во Палатата на независноста. И Оланд и Меркел биле пречекани од Лукашенко, при што на германската канцеларка и било дадено и цвеќе.
– Или ситуацијата ќе тргне по патот кон намалување на тензиите и прекин на огнот или ќе излезе од контрола – посочи Порошенко пред средбата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


