
Долгогодишен спор меѓу соседи околу паркинг место беше повод за убиство на три члена на едно муслиманско семејство во близина на Универзитетот Северна Каролина, соопшти полицијата.
Муслиманските групи за човекови права изразија меѓутоа стравување во врска со мотивите и побараа од властите да го истражат детално случајот.
– Врз основа на бруталната природа на ова злосторство, верската облека на двете жртви, и антимуслиманската реторика која е во пораст во американското општество, ги повикуваме државните и сојузните сили на редот да ги истражат шпекулациите за можниот мотив за предрасудите на овој случај – рече Нихад Авад од Советот за американско-исламски односи.
Полицијата го уапси напаѓачот кој пукаше и усмрти тројца студенти муслимани, вклучувајќи маж и жена, во универзитетскиот град Чапел Хил во Северна Каролина.
Напаѓачот, идентификуван како Крег Стивен Хикс (46), е обвинет за убиство од прв степен по три точки од обвинението и се наоѓа во затворот во Дарам.
Жртви на нападот се жителите на Чапел Хил, Деах Шади Баракат (23), неговата сопруга Јусор Абу-Салха (21) и нејзината сестра Разан Абу Салха (19) од Рали.
Баракат бил студент на втора година на факултетот по стоматологија во Чапел Хил, а неговата сопруга требало есенва да почне со студирање, исто така, на факултетот за стоматологија. Разан Абу Салха била студент на Државниот универзитет Северна Каролина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најавени два концерти на Каролина
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


