
Во Чешка на повидок е меѓународен скандал, откако е обелоденото дека поранешен функционер во Министерството за одбрана (МО) и актуелен претставник во НАТО не ја минал безбедносната проверка од Советот за национална безбедност (СНБ).
– Факт е дека јас сум не сум кривично гонет, немам известување за некакво обвинување, ниту ми е побарано било какво објаснување од некое истражно тело во Чешка – изјави Јан Вилита, додавајќи дека поднел жалба и очекува да добие повеќе информации.
Вилита рече дека според мислењето на СНБ, тој како генерален секретар на МО дејствувал против интересите на Чешка и тоа конкретно против интересите за заштита на економијата и против интересите за заштита на внатрешниот поредок.
Случајот се испитува во Министерството за одбрана, а Вилита засега не е отповикан од функцијата во НАТО, каде без безбедносен сертификат не може да продолжи да работи.
Вилита на функцијата во Северноатлантската алијанса е од есента 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток


