| четврток, 6 декември 2018 |

Формиран Совет на работодавачи во Агенцијата за вработување

vlatko

Во Агенцијата за вработување денеска е формиран Совет на работодавачи  којшто ќе учествува во креирање на политиките за вработување, работни места и работна сила. Советодавното тело треба да биде и филтер на сите мерки на Агенцијата за вработување пред нивната примена на пазарот на труд.

Во Советот членуват претставници на 16 големи компании од повеќе дејности и шест организации на работодавачи.Претежно се ангажирани раководни лица или претставници од одделите за човечки ресурси, на  волонтерска основа.

– Првично ќе има советодавна, а потоа и филтрирачка одлука која ќе треба да ја имплементираме во нашето работењ – изјави директорот на Агенцијата за вработување.

Според Поповски, Советот е основан поради недостатокот на квалитетната работна сила која може да им се понуди на работодавачите. Се надевам, додаде, дека со Советот сите големи компании  ќе придонесат за квалитетна примена на сите активни мерки, во квалитетно претставување на работната сила и креирање на нивните потреби.

– Одлучивме  со Владата и Министерството за труд и социјална  политика да го креираме овој совет при што големите компании ќе дадат импут за тоа како да се развива во натамошниот  период активните мерки во агенцијата и начинот на креирање и образување на работната сила којашто им е потребна  на нивните компании – изјави Поповски.

Тој информира дека се продолжува до 25 овој месец огласот за проектот „Кредитирање“. Со него се овозможува кредитирање на правни субјекти за отворање нови работни места за млади лица до 29 години, за отворање сопствен бизнис и кредитирање за отворање сопствен бизнис на млади лица до 29 години.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top