| четврток, 6 декември 2018 |

Со пиштол пијан охриѓанец се шетал низ Охрид

пијан

На осми овој месец во 00 часот и 05 минути, кај Г.Ч.  пронајдено е огнено оружје пиштол марка „Берета“ и оквир со 10 куршуми што во футрола го имал на појас од десната страна. Сега притворениот Г.Ч. е забележан на булеварот „Македонски просветители“ во близина на градскиот плоштад. Kај него, по дополнително извршеното алко-тестирање утврдени се 2,22 промили алкохол во крвта.

пијан2

При претрес извршен во неговиот дом, а во присуство на адвокат, полициските службеници пронајдоа една рачна бомба како и вкупно 309 парчиња  муниција различен калибар, дел сокриена во пластични и кутии од мобилен телефон а дел облепени со селотејп лента.

пијан 3

Пиштолот, рачната бомба и муницијата се одземени и се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

пијан 4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top