Видео со учество на пејачката Мајли Сајрус, ќе биде дел од програмата на порно фестивалот во Њујорк, кој ќе се одржи во текот на овој месец. Краткиот филм, кој се вика „Врзан јазик“ (Tongue Tied), ја прикажува Мајли во провокативни пози и оскудна облека. Во него таа е со врзани очи и оковано за стол. Тоа е дело на режисерот Квентин Џонс и беше ставен онлајн уште во мај. Потоа станува дел од турнејата на Мајли за новиот албум.
Според основачот на фестивалот Сајмон Леаи, пејачката дознала од заеднички пријатели за одржувањето на фестивалот и побарала нејзиното видео да учествува. Сепак не се очекува таа лично даприсуствува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





