| четврток, 6 декември 2018 |

Исламистички хакери и се заканија на Мишел Обама: „Ги гледаме твоите ќерки и сопругот“!

Заканувачки пораки до американскиот претседател Барак Обама и неговото семејство испратиле хакери кои се нарекуваат „Кибер Калифат“ откако вчера упаднале на профилот на твитер на списанието “Њусвик”.

10022015210243_newsweek1

Тие на профилот првично напишале “Јас сум ИС”, со што од една страна се алудира на терористичката група Исламска држава, а од друга страна на слоганот “Јас сум Чарли”, по смртоносните напади на редакцијата на францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо”. 

Пораката на групата на твитер гласеше „Кибер Калифат Крвав Св. Валентајн, Мишел Обама! Те набљудуваме, твоите ќерки и твојот сопруг!“

MISEL-OBAMA2

-Американската сојузна полиција ФБИ го истражува случајот, изјавил портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Ни тој, ни ФБИ не можеле да коментираат за заканите до претседателската фамилија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top