| четврток, 6 декември 2018 |

Кога ќе заврши забраната за трансфери, Марко Верати приоритет за Барселона

Марко Верати е приоритетна цел на Барселона откако на каталонскиот клуб ќе му биде симната забраната за трансфери на почетокот на следната година.

Поради неправилно административно работење и недозволени ангажмани на фудбалери кои не биле полнолетни Барселона доби казна и не може да ангажира играчи до почетокот на 2016 година.

verati

Новиот спортски директор Ариедо Брајда сепак нема време за чекање и веќе работи на списокот со нови засилувања за каталонскиот гигант. Најпрво треба да се најде замена за Чави, а италијанскиот репрезентативец од Пари Сен Жермен, Марко Верати е по вкус на Брајда. Дали токму тој ќе биде првото засилувања за Барса по завршувањето на казната за трансфери ќе биде познато веројатно во летниот преоден рок, кога повеќекратниот шпански шампион ќе се обиде да го донесе во своите редови. За Верати се заинтересирани и Јувентус и неколку моќни англиски клубови, пред се Челси и двата клуба од Мначестер, Јунајтед и Сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top