Очајната сезона без ниту еден освоен трофеј за „кралевите“ од Мадрид, претседателот на клубот Флорентино Перез утехата ќе ја бара во новиот мегаломански шопинг во летниот преоден рок.
Да потсетиме, Реал е елиминиран од Лигата на шампионите во полуфиналето од Јувентус, уште во раната фаза во Купот на Шпанија го заврши натпреварувањето, а шансите за титулата во Примера дивизија се сведени на минимум.
За „болката“ да биде уште поголема најголемиот конкурент и лут ривал Барселона сезоната може да ја заврши со три трофеи. Ќе игра во финалињата на Лигата на шампионите и Купот на Шпанија, а е на чекор до освојување и на домашното првенство.
Шпанските медиуми веќе најавуваат дека главни цели на Флорентино Перез се Пол Погба од Јувентус, Марко Верати од ПСЖ, Давид Де Хеа од Манчестер јунајтед, како и Кашемиро, кој би се вратил во Реал Мадрид од редовите на Порто. Тоа треба да бидат засилувањата за „кралскиот клуб“ во овој летен преоден рок.
Во продолжение се спомнува и името на италијанскиот тренер на клупата Карло Анчелоти кој минатата сезона ја донесе на „Сантијаго Бернабеу“ долгоочекуваната „ла десима“ во Лигата на шампионите. Тој се поврзува со трансфер во Манчестер Сити на крајот од оваа сезона, а како најсериозни кандидати за негови наследници се спомнуваат Зинедин Зидан и Јирген Клоп од Борусија Дортмунд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)