Џејмс Харден постигна 40 поени и беше предводник на ефикасниот состав од Хјустон кој победи против Феникс санс со 127-118, во еден од петте натпревари во НБА лигата.
Харден игра извонредно цела сезона и е прв стрелец во НБА лигата, а особено импресивни партии прикажува од почетокот на овој месец. Против Мемфис во неделата, Харден постигна 45 поени, а ноќеска му недостасуваше само една асистенција за трипл-дабл. Џејмс постигна 40 поени и имаше 12 скока и 9 асисстенции.
Резултати: Шарлот – Детроит 106-78, Чикаго – Сакраменто 104-86, Мемфис – Бруклин 95-86, Феникс – Хјустон 118-127, Лос Анџелес лејкерс – Денвер 96-106.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.