Утрово во Македонија имаме променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, на места со засилен северен ветер. Во Маврово и Пожаране провејува снег. Утринските температури се движат од -11 до 2 степени, и тоа:
-11 Маврово, -8 Крушево и Лазарополе, -7 Берово, -6 Кр.Паланка, -5 Охрид, Битола, и Претор, -3 Прилеп и Виница, -2 Тетово, Штип и Д.Капија, -1 Кавадарци и Куманово, 0 Скопје-Петровец и Струмица, 1 Скопје-З.Рид и Дојран и 2 во Гевгелија.
Во текот на денот ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен на места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени.
Во Скопје ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 4 степени.
Во следните денови ќе имаме период на стабилно и суво време. Утринската температура на повеќе места ќе биде под нулата, а од петок температурите ќе бидат во пораст.
За време на викендот, особено во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.