| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката влада бара гласање на доверба пред средбата на Еврогрупата

siriza cipras

Новата грчка влада на СИРИЗА и „Независни Грци“, што победи на изборите минатиот месец со ветување за откажување од политиката на штедење и промена на договорите со кредиторите, денеска побара гласање на доверба во Парламентот, јави ДПА.

Коалициската влада располага со мнозинство од 162 гласа во 300 члениот парламент и се очекува без проблеми да го добие гласањето на доверба.

Гласањето на доверба доаѓа нешто помалку од 24 часа пред утрешната важна вонредна средба на министрите за финансии од земјите членки на еврозоната и средбата на високо ниво на ЕУ во четврток, на кои ќе биде разговарано за финансиските потреби на Грција.

Според извори од грчкото министерство за финансии, планот на владата за утрешната средба на Еврогрупата е да биде претставен предлог за „мост програма“, што ќе ги задоволи финансиските потреби на владата, додека да биде постигнат договор за ревидирање на сегашната програма со кредиторите. Новата програма би требало да стапи во сила во септември годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top