| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најсреќната држава на светот

butan1

Жителите на Бутан се најсреќни граѓани на светот, а фотографиите кои доаѓаат од таа земја ја потврдуваат тезата.

„Дејли мејл“ пишува дека Бутан во 1971 година одбил да го мери просперитетот по пат на БДП, туку тоа решил да го прави според среќата на своите жители.

За да го промовира ова сфаќање, но и интернационалниот фестивал кој е на прагот на одржување, кралот Јигме Кхесар Намгјел Вангчук објави фотографии на кои се прикажува среќата на жителите на Бутан.

– Во оваа земја среќата не се мери со злато, пари или слично. Затоа оваа земја во светот скоро да има митски статус – пишува „Дејли мејл“.

Оваа држава, сместена високо во Хималаите, ги привлекува туристите секоја година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top