| четврток, 6 декември 2018 |

Пази што правиш, мајка ти те гледа!

Управата на бразилскиот фудбалски клуб До Ресифе смисли најоргинален начин како да ги смири своите најжестоки навивачи.
На натпреварите кои ги играат на домашен терен на теренот пред трибините отсега ќе стојат мајките на навивачите.
До Ресифе одлучи 30 мајки кои веќе ја поминаа обуката за обезбедување да бидат ангажирани со посебни одбележја на нив носејќи маички со натписот „Мајки озбедување“ секако напишано на португалски за да се спречат насилствата на терените од нивните навивачи.
Овој проект почна на натпреварот против Наутика, а режисерот на преносот на големиот видеобим објави снимка на која јасно се гледаат овие госпоѓи како го спроведуваат редот и мирот на стадионот.
Ресифе победи со 1-0 и немаше ниту еден уапсен навивач. Впрочем, никој не сака да се тепа пред својата мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top