Џихадистичката група Исламска држава (ИД) употребила хлор во судирите против ирачките вооружени сили, изјави денеска во Токио генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО), Ахмет Узумџу.
Според информации на организацијата добиени од властите во Багдад, хемиското оружје било употребено во октомври минатата година северно од ирачкиот главен град, но во нападот немало жртви.
Претходно денеска шефот на ОЗХО истакна дека организацијата располага со неофицијални податоци дека ИД се обидува да се снабди со хемиско оружје.
– Ако ИД успее да произведе или да се снабди со хемиско оружје, тоа ќе претставува општа опасност. Поради тоа, треба да се зајакне меѓународната контрола врз вакви материјали – истакна Узумџ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро