Александар Вучиќ и Иса Мустафа, на средбата на премиерско ниво меѓу Србија и Косово во Брисел со високиот претставник за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го парафираа меѓусебниот договор за правосудство, јави Танјуг.
Средбата, која траела до два часот по полноќ, беше продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина, по неколкумесечниот прекин заради политичката криза во Косово и формирањето на новата влада. На средбата во Брисел присуствуваа и министрите за надворешни работи на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.
По средбата Могерини соопшти дека премиерите Вучиќ и Мустафа го финализирале договорот за правосудството, со што, како што рече, е затворено клучното проглавје за примената на Бриселскиот договор.
Во соопштението од Кабинетот на Могерини објавено по завршувањето на средбата се нагласува дека двете страни „ја потврдиле определбата да поситигнат напредок во нормализација на односите”.
– Тие се договорија да соработуваат во решавањето на регионалните прашања, меѓу кои и акутниот проблем со илегалните мигранти од Косово, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД