| четврток, 6 декември 2018 |

Герет Бејл е посилен од критиките

Велшкиот репрезентативец во редовите не Реал Мадрид, Герет Бејл, оваа сезона не игра на највисоко ниво и поради тоа е цел на критичарите.
Селекторот на велшката репрезентација Крис Колмен е убеден дека талентираниот фудбалер, кој е најскап во светот, ќе се избори со критиките и за многу кратко време ќе се врати во препознатливата форма од минатата сезона и повторно ќе биде еден од главните играчи во Реал и во репрезентацијата.

– Бејл е најскап фудбалер во светот и иако притисокот врз него е голем, тој повторно ќе игра на високо ниво и сѐ ќе биде во ред – изјави Колмен.

Колмен е убеден дека Бејл е ментално јак и дека критиките не му можат ништо и сета своја сила ќе ја покаже во натпреварите што следуваат.

Герет Бејл е критикуван поради себичната игра која ја прикажува на неколку натпревари за својот тим, но го очекуваат натпревари за репрезентацијата н пролет и тој посакува да учествува на едно големо натпреварување со својата земја и ќе направи сѐ што е во негова моќ да се избори за тоа.

Фудбалерот на Реал Мадрид оваа сезона на 33 натпревари постигна 16 гола и имаше седум асистенции во сите натпреварувања, а недвосмислена поддршка добива и од кормиларот на Реал, Карло Анчелоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top