| четврток, 6 декември 2018 |

Што напиша Ердоган во својот прв коментар на „Твитер“

erdogantwitter

И покрај сериозните критики на турскиот претседател Реџеп Ердоган за „Твитер“,  тој го напиша својот прв коментар на социјалната мрежа. Во него пишува против пушењето.

– Да се откажеме од штетните навики во нашиот живот, особено од пушењето, во името на едно здраво поколение и иднината на нашата земја – напиша Ердоган вчера.

Во март 2014 година, Турција со судски налог го блокира „Твитер“ на територијата на земјата, откако на него се појавија критики против владата. Еден месец подоцна, Уставниот суд ја поништи оваа одлука. Во Турција 15 милиони луѓе се корисници на оваа социјална мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top