Перо Антиќ не играше за Атланта на гостувањето кај Минесота, а „јастребите“ ја забележаа 43. победа во НБА лигата и тоа на убедлив начин со 117-105. Блескаа Ал Хорфорд со 28 поени најмногу за него сезонава и Демар Керол со 26 поени, рекорд во неговата кариера. Атланта ретко губи два меча по ред во овој циклус од НБА лигата, а по поразот против Мемфис ја победија Минесота и не дозволија да се повтори 18 ноември, кога за последен пат сезонава вторпат едноподруго беа поразени.
Ноќеска имаше и осличен повод за прослава, а славеникот е Грег Попович, трофејниот тренер на Сан Антонио спарс. Тренерот на Спарс ја прокнижи илјадитата победа во НБА лигата, откако падна Индијана во возбудлив меч. Сан Антонио победи со 95-93, а Попович е третиот тренер на вечната ранг-листа што во најмал број на натпревари стасал до илјадарката. За тоа му беа потребни 1462 меча, а пред него се само Фил Џексон (1423) и Пет Рајли (1434).
Резултати: Индијана – Сан Антонио 93-95, Минесота – Атланта 105-117, Филаделфија – Голден стејт 84-89, Вашингтон – Орландо 96-80, Мајами – Њујорк 109-95, Милвоки – Бруклин 103-97, Њу Орлеанс – Јута 96-100, Далас – Л.А. клиперс 98-115, Денвер – Оклахома 114-124.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.