Во цела Македонија утринава е измерена температура под нулата. Најстудено било во Маврово, каде што се измерени -16 степени, а најтопло во Гевгелија -2.
Според Управата за хидрометеролошки работи, во Крушево температурата била -14 степени, во Битола -11, во Крива Паланка -10, Берово и Претор -9, Охрид, Дебар и Прилеп -8, Скопје кај Петровац, Куманово, Тетово и Виница -6, Штип и Струмица -5, Скопје кај Зајчев Рид, Кавадарци, Дојран и Демир Капија -3.
Утринава преовладува променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Во Маврово и во Пожаране провејува снег.
Се очекува во текот на денот да дува засилен северен ветер кој на планините ќе достигне брзина од 80 км/ч. Максималната температура ќе се движи од -4 до 5 степени.
И во следните два дена температурата ќе биде ниска и на повеќе места ќе се спуштат под -5, а на планините -15 степени. До недела времето ќе биде стабилно и суво со постепен пораст како на утринската, така и на дневната температура на воздухот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


