| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Боба Стефановиќ

Пејачот и композитор Боба Стефановиќ, едно од најпознатите имиња на југословенската поп сцена, почина во 69-та година од животот, јави Танјуг.

Стефановиќ е роден во 1946 година во Белград. Првиот ангажман го добил во клубот „Евридик“ по што ги основа „Златни момчиња“, првиот вокално-инструментален состав во Србија.

Во текот на успешната музичка кариера пеел и со Клиф Ричардс, победил на фестивалот „Златен елен“ во Романија, а најголемите успеси ги доживеал со групата „Оне и они“, која исклучително беше популарна и во тогашниот Советски сојуз.

Настапувал и во париска „Олимпија. Во хотелот „Карлтон“ во Кан го слушал и Том Џонс, кој му рекол дека доколку бил роден на друго место, Боба сигурно би бил Том Џонс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top