| четврток, 6 декември 2018 |

Собрани над девет милиони денари за настраданите во поплавите

poplaviA-640x396-600x371

Вкупно 9.049.887 денари парични средства се обезбедени досега за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Република Македонија.

Како што соопшти Црвениот крст на Република Македонија, преку мобилните телефони од T-мобиле, ОНЕ и ВИП 070/075/077 143 400 заклучно со денешниот ден обезбедени се 8.264.700 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 785.187 денари.

Во текот на вчерашниот ден Црвен крст на Република Македонија дистрибуираше хуманитарна помош во Битола и тоа 465 кг со прехранбени продукти и 54 тони вода за пиење, во Штип се доставени 40 тони вода за пиење и во Куманово 15 пакети со прехранбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 20 пара гумени чизми, 45 ќебиња и 1000 литри вода за пиење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top