| четврток, 6 декември 2018 |

Храна, вода и средства за хигиена подели Црвен крст за поплавените

crven-krst

Вода за пиење, пакети со храна, како и средства за хигиена, за дезинфекција, ќебиња, гумени чизми поделил Црвен крст на Република Македонија вчера за поплавените во Битолско, Штипско и во Кумановско.

Во Битола се распределени 465 килограми прехранбени продукти и 54 тони вода за пиење. Во Штип се распределени 40 тоини вода за пиење, додека на настраданите од поплавите во Кумановско им се распределени 15 пакети со прехранбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 20 пара гумени чизми, 45 ќебиња и 1.000 литри вода за пиење.

Преку броевите за донации на Т-мобиле, Оне и Вип, односно 070/075/077 143 400 до денеска се собрани вкупно 8.264.700 денари (134.0000 евра), а на жиро- сметката се собрани 785.187 денари (12.760 евра), соопштува Црвен крст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top