| четврток, 6 декември 2018 |

„Кокошка“ од Никола Кољада премиерно во Битолскиот театар

hitportal-bitolski-teatar

Во Народниот театар во Битола вечер ќе биде изведена првата театарска премиера годинава. Станува збор за претставата „Кокошка“ од Никола Кољада во режија на Марјан Ѓорѓиевски, која воедно претставува негов магистерски труд, работен под менторство на професорот Слободан Унковски.

Во претставата „Кокошка“, која е универзална и лесно разбрилива тема, ќе настапат Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски и Никола Пројчевски.

Собраните средства од премиерата и од серијалот театарски презентации на овој најнов проект, НУ Народен театар – Битола ќе ги донира во фондот за настраданите подрачја од поплавите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top