Руската влада денеска соопшти дека претседателот Владимир Путин нема да толерира никакви ултиматуми што се однесуваат на Украина.
Медиумите шпекулираа дека Германија му дала рок на Путин до среда да се согласи со мировниот план или Русија ќе се соочи со нови санкции.
– Ние сѐ кажавме за време на преговорите. Никој никогаш не разговарал, ниту може да разговара, со шефот на државата преку ултиматуми, колку и да сака да го направи тоа – истакна Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


