Автомобил „мазда“ се превртел на патот Градско – Прилеп на превојот Плетвар. Шесте лица кои се превезувале во него, меѓу кои и две деца, за среќа поминале без повреди. Причина за несреќата, како што јавува Канал 77, се лошите услови на патот, кој бил со остатоци од снег.
На помош на возачот од превртениот автомобил му дошле фудбалерите на Победа кои таму случајно поминувале враќајќи се од пријателски натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.