Роднините на Боби Кристина ѝ ги пејат песните од нејзината покојна мајка Витни Хјустон.
– Ако е тука некаде, на Боби Кристина би ѝ било пријатно да ги слушне гласовите на нејзините најблиски, споделува семеен пријател. Од таа причина ние ѝ пееме песни од Витни и раскажуваме стари семејни случки, од времето кога била сосема мала.
Таткото на Боби Кристина, Боби Браун, специјално за неа го запеал хитот на Витни „Greatest Love of Al“. Блиски на семејството откриваат деке пејачот постојано ја галел по косата својата ќерка и ја нарекувал моето мало девојче.
Боби Браун се моли за чудо за да може Боби Кристина да се врати повторно во живот. Тој ги негираше шпекулациите дека одобрил исклучувањето на апаратите, на кои во моментов е неговата ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.