| четврток, 6 декември 2018 |

Чичолина на 64 години ќе снима порно

chicholina-shte-se-snima-v-pornofilm-na-64-godini-284493

Порно ѕвездата од втората половина на минатиот век,Чичолина, објави дека ќе снима хард филм, независно што таа неодамна наполни 64 години. Унгарката родена во Будимпешта, како Илона Сталер,  на италијанското радио сподели дека ќе се снима пред камерите, како во младоста, но само доколку и го дадат посакуваниот износ.

Засега преговорите со продуцентите на филмот одат добро и русокосата Чичолина, чии облини сеуште се предизвикувачки, се надева на огромен успех, без разлика на фактот дека таа веќе 27 години не се појавила како од мајка родена на големиот екран.

На „Радио 24“, Чичолина потсети дека нејзината кариера на Апенините започнува пред повеќе од 35 години, токму пред микрофонот на едно мало радио во Милано, и за кратко време се здобила со огромна популарност, благодарение на нејзиниот сладо-страстен глас. Меѓу бисерите кои ги кажа русокосата унгарка, со нови напумпани силиконски гради, особено се издвојува оној дека како и надежта, така и сексуалноста кај жената последна умира.

Во исто време Чичолина споделила дека речиси две години не спиела со маж, независно од добиените бројните предлози од мажи, не само за во кревет, туку дури и понуди за брак.

Жената, која пред неколку години, еден мандат беше пратеничка во италијанскиот парламент од Радикалната партија, сподели дека сеуште ја очекува големата љубов, на која е подготвена да и се посвети до крајот на животот .

cici i ludwig.jpg.crop_display

Во исто време злите јазици во Милано и Рим,пуштија гласини според кои, Чичолина сака да снима порно филм, само за да заработи пари, со кои би го раздолжила нејзиниот син Лудвиг, кон дилерите на дрога. Тој има 22 години, а неговиот татко, авангардниот американски скулптор и мултимилионер, Џефри Кунс, е единствениот сопруг на порно ѕвездата до сега.

Таткото воопшто не сакал да слушне за финансиските проблемите на својот син, а камоли за Чичолина, со која се жестоко скарани веќе речиси две децении. Така судбината на нивното пораснато дете останува во рацете на неговата мајка, со која Лудвиг живее.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top