Тренерот на Сампдорија, Србинот Синиша Михајловиќ, по нерешениот резултат од 1-1 во Џенова против десеткуваниот Сасуоло, задоволен е од играта и од резултатите на својата екипа оваа сезона.
На табелата Сампдорија заостанува во однос на Наполи седум бодови за третото место на табелата, но Михајловиќ ги смирува страстите и изјави дека никогаш не било целта да се освои третото место.
– Да бидам апсолутно јасен. Не се бориме за третото место. Добро ѝ оди во Серија А и свесни сме за тоа. Ќе мора да почекаме два-три месеца за да видиме на што сме – изјави Синиша Михајловиќ.
Најголемото засилување за екипата во зимскиот преоден рок Самуел Ето ги одигра последните 20 минути од натпреварот против Сасуоло, неколку дена по недоразбирањето со Михајловиќ на тренингот.
– Ето се извини, знае дека погрешил. Соиграчите добро го примија и се надевам дека брзо ќе се врати во препознатливиот ритам – додаде Михајловиќ.
Сампдорија следниот викенд гостува кај Киево во рамките од 23.коло од Серија А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


