| четврток, 6 декември 2018 |

Србија испраќа 50.000 евра помош за Македонија

poplavi pelagonija

Помош од 50.000 евра ќе испрати Србија за поплавените подрачја во Македонија. Исто толку поради последниците од катастрофалните поплави ќе ѝ бидат донирани и на Албанија. 

Ваквата одлука била донесена вчера на седница на српската влада, а иницијатор на предлогот, како што пишуваат српските медиуми, бил премиерот Александар Вучиќ.

Тамошните медиуми пишуваат дека поради обилните дождови и порастот на водостојот на реките Шемница и Црна во пелагонсикиот дел во Македонија се формирало езеро поголемо од Дојранско Езеро, со длабочина од три метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top