
Златото продолжува да поскапува на почетокот на новата недела. За непосредна испорака златото додаде на својата вредност од 0,4 отсто до 1 239,31 долари за унца и се продаваше за 1 238,34 долари во Сингапур, пишува „Блумберг”.
Цената на благородниот метали за испорака во петокот (6-ти февруари) загуби 2,2 отсто од својата вредност.
Среброто за итна испорака поскапе за 0,2 отсто до 16,7572 долари за унца. Платината се тргуваше со 0,3 отсто поскапо до 1 226,75 долари, додека вредноста на паладиумот падна за 0,2 отсто до 783 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


