Физички инцидент се случил вчера за време на одбојкарски натпревар во Струмица.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 13 часот за време на натпревар помеѓу одбојкарските клубови “Струмица“ и “Шкендија“ од Тетово, помошниот судија бил нападнат од еден од спортистите.
Одбојкарот, 37-годишниот М.Х. од Тетово со раката го удрил 35-годишниот сидија С.Џ.
Од страна на главниот судија, натпреварот е прекинат.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.