Атланта хоукс го доживеа десеттиот пораз сезонава во НБА-лигата, а на популарните „јастреби“ за јануарскиот неуспех им се реваншираше Мемфис гризлис. Домаќините победија со 94-88 благодарејќи на серијата од 8-0 во самиот финиш и не дозволија Атланта да нареди две едноподруго победи против најдобрите две екипи од западната конференција. Претходно Хоукс го победи Голден стејт вориорс.
Мајк Конли со 21 поен ги предводеше Гризлис до триумф и реванш откако првиот меѓусебен дуел го добија Хоукс со 98-96. Кај Атланта Перо Антиќ имаше скромен ефект од само два поени за неполни 16 минути игра. Џеф Тиг беше најефикасен на мечот со 22 поени.
Блиску до педесетката ноќеска стаса Џејмс Харден, а неговиот тим Хјустон загуби од Портланд со 98-109. Харден постигна 45 поени, но импресивниот настап не го круниса со победа.
Резултати:Оклахома – ЛА Клиперс 131-108, Кливленд – ЛА Лејкерс 120-105, Шарлот – Индијана 102-103, Детроит – Минесота 83-85, Мемфис – Атланта 94-88, Орландо – Чикаго 97-98, Хјустон – Портланд 98-109, Сакраменто – Феникс 85-83, Торонто – Сан Антонио 87-82.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



