Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 21 сообраќајна незгода.
Во петок, на 6 февруари, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца сопатници и двајца пешаци. Во сабота, на 7 февруари, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден возач на мотоцикл.
Случена е и една незгода со загинато лице во 2 1часот и 15 минути на ул. „1“ во с. Рашче во која учествувало патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управувано од жител на с. Долно Свиларе и пешак, роден 2010 година, жител на с. Рашче. Со истото возило лицето е пренесено во здравствена установа каде е констатирана смрт. Во недела, на 8 февруари, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и една е со телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило. Во текот на изминатите три дена од сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 43 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 17 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 16 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 49 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за управување на возилото. Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 90 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



