| четврток, 6 декември 2018 |

Казнети 74 полицајци: 58-парична казна, 9-запирање на постапката, 5-писмено предупредување и 2 добиле отказ

 

Против 74 полицајци и поведена е дисциплинска мерка поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 58 вработени изречена им е „парична казна“, на девет „запирање на постапката“ на пет „писмено предупредување“ и на двајца вработени мерка – „отказ“. На еден му избегал приведениот, еден се расправал со командирот, еден внел кинез без виза, еден оштетил службено возило, едвајца полицајци спиеле во текот на работното време, над седуммина не го одржувале оружјето чисто и подмачкано, дел покажале слаба активност на работното место, на еден му недостигале два куршуми, кај еден полицаец во урина е детектиран канабис, а еден за време на работа пиел кафе со друго лице и не носел лично вооружување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top