| четврток, 6 декември 2018 |

Наскоро почнува ирачка копнена офанзива против ИД

id

Во текот на следните недели ирачките трупи ќе започнат копнена офанзива, со цел повторно да заземат делови од земјата кои се под контрола на џихадистичката група Исламска држава (ИД), изјави денеска координаторот на меѓународната коалиција против џихадистите Џон Ален.

– Тоа ќе биде голема копнена контраофанзива во Ирак. Во неделите кои следат, кога ирачките сили ќе почнат копнена офанзива, коалицијата ќе обезбеди поддршка согласно неа – најави Ален, додавајќи дека офанзивата ќе ја водат Ирачаните.

Тој ги отфрли обвинувањата дека постоело одложување во американското снабдување со оружје и обуката на ирачката војска, истакнувајќи дека САД прават се што е потребно за да помогнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top