| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Египет, најмалку 22 загинати навивачи по судирите со полицијата (видео)

kairo tepacka 1

Вечева во Каиро се случи голема трагедија. Најмалку 22 навивачи на фудбалскиот клуб Замалек се загинати по големата пресметка со полицијата. До трагадијата дошло кога „белите витези“ навивачка група на Замалек сакале да влезат на стадионот без билети и да го проследат мечот на нивниот тим против Енппи. По интервенцијата на полицијата која употребила солзавци и шок бомби, настанало стампедо по кое дошло и до судири со египетската специјална полиција.

kairo tepacka 2

Вратите од стадионот биле затворени од добро познатите причини од порано, дека на стадионите во Египет можат да влезат само ограничен број на гледачи. Таква е одлуката од 2012 година кога навивачи на Ал Масри и Ал Ахли се судирја меѓусебно резултираше со 72 мртви по што државата забрани да се игра фудбал две години.

kairo tepacka

Од минитестерството за здравство на Египет кој хитно излезе на терен со голем број на амбуланти возила, најпрвин сопштија дека има голем број на тешко повредени лица, но подоцна информираше дека има повеќе од 22 загинати. Бројката не е конечна и може да расте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top