Карневалот во Рио де Женеиро, Бразил, почнува в петок, на 13 февруари. За време на последната генерална проба можеше да се забележи дека некои од учесниците имаа црни ленти околу раката.
Танцувачката школа „Беија флор“ веќе 12 пати биле победници на оваа голема парада. Црната лента која ја носат нема никаква врска традција, туку начин да му се оддаде почит на танчерот кој е убиен неколку недели пред карневалот.
Жртвата е Клаудио да Силва, 22-годишен транвестит кој живеел како жена и се претставувал како Пиу, кој на 23 јануари бил пронајден мртов.
Тоа убиство само го потврди проблемот со хомофобијата и трансфобијата кој постои во Бразил веќе подолго време и фрла ново светло на подземниот свет на криминалот кој се одвива зад шаренилото на карневалот.
Кога Да Силва не се појавила на пробите пред фестивалот, нејзините пријатели и колеги за загрижиле, бидејќи таа не пропуштала ниту една проба. Следниот ден шокантна снимка ја преплави социјалната мрежа. На снимнката се гледа како Да Силва облиена во крв, ги моли напаѓачите да ја ослободат.
Познато е дека карневалот е место на кое се собираат транвестити, и Рио во тоа време е преполн со мажи кои се облекуваат во женска облека.
Во Бразил на секои 28 часа е убиен некој хомосексуалец, бисексуалец или трансексуалец.
Само во 2013 година се убиени 312 геј или транссексуални лица.
Убијците на Да Силва уште не се пронајдени, а шест дена по убиството во Рио се одржал Национален ден на тран лицата. Тогаш тие побарале поголема заштита од властите.
Полицијата одбива да го коментира случајот додека трае истрагата. Градоначалникот Едуардо Паес признал дека е немоќен кога станува збор за елиминирање на криминалните банди.
В петок се оечкуваат околу милион туристи на отоварањето на карневалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.