| четврток, 6 декември 2018 |

Хамонд: Путин се однесува како тиранин кон Украина

Russian President Vladimir Putin

Шефот на британска дипломатија Филип Хамонд денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се однесува како тиранин во однос на Украина, додавајќи оти силите на Киев не можат да ја победат армијата на Русија на бојното поле и само политичко решение може да го спречи крвопролевањето.

– Украинците не можат да ја победат руската армија, тоа не е практична задача. Треба да има политичкко решение. Тој човек (Путин) испрати војска преку меѓународна граница и окупира територија на друга држава во 21 век, дејствувајќи како некаков тиранин од средината на 20 век. Цивилизираните држави не прават така, посочи Хамонд.

Коментарите на Хамонд уследија еден ден откако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека испраќањето оружје за Украина за борба против сепаратистите нема да ја реши кризата. Поради тоа Меркел беше критикувана од американските политичари.

Хамонд наведе дека Велика Британија не планира да ги вооружува украинските сили и оти ќе се фокусира на дипломатските напори за решавање на кризата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top